X
 16.11.2023 Забава

Се отвори првото од синџирот кафулиња „Централ перк“ во Бостон

Обожавателите на серијата „Пријатели“ ќе се израдуваат кога ќе прочитаат дека во Бостон се отвори кафуле инспирирано од серијата, прво од синџирот кафулиња што треба да се отворат во САД.

„Централ перк кофихаус“ (Central perk coffeehouse) има портокалов кауч како оној во серијата, иако просторот не е идентична копија на кафулето од серијата.



- Нашата мисија беше да го замислиме „Централ перк“ како што би изгледал и служел за место за собирање пријатели денес, не да го создадеме вистинскиот изглед - вели дизајнерот Глен Гобен.

Кафулето ќе биде отворена седум дена во неделата, од 7 до 19 часот. Наскоро ќе биде продолжено работното време и ќе започне да нуди пиво, вино и коктели.


Засега гостите може да порачаат оригинални кафиња насловени по цитати од серијата, како „Бевме на кафе-пауза“ или еспресо „Гантер“. Се нуди и храна, како сендвичот на Џои, сендвичот со мисиркино месо на Рос и чискејк.

На денот на отворањето му беше оддадена почит на неодамна починатиот Метју Пери, кој ја толкуваше улогата на Чендлер Бинг во серијата. Цитатот „Може да ти понудам саркастичен коментар“, кажан од неговиот лик во серијата, беше поставен на сите чаши во текот на денот на отворањето.

Извор: CBS news
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава