Бананите се важен дел од исхраната на стотици милиони луѓе, но сега се во опасност.
Поради климатските промени, болестите побрзо се шират. Бурите носат патогени, а тие се размножуваат побрзо на повисоки температури. Најголема загриженост е габата-убиец позната како TR4, способна да уништи 100 отсто од културите на банани.
Но, научниците развиваат генетски модифицирана банана која е отпорна на TR4, како и други начини за спречување на ширењето на болеста.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/YouTube