X
 04.12.2020 Живот

Најопасните земји во светот за 2021 година, како е рангирана Македонија?

Нова мапа ги открива земјите со најголеми безбедносни ризици за 2021 година. Либија, Сирија и Авганистан се меѓу најопасните земји според експертите во „Интернешнал СОС“, која ги категоризира земјите според заканите за политичко насилство, општествени немири и насилни и мали злосторства.

Во анализата биле земени предвид и стабилноста на транспортната инфраструктура, состојбата на индустриските односи, ефективноста на безбедносните и итните служби и подложноста на земјата на природни катастрофи.

Според податоците, најбезбедни земји се Исланд, Данска, Норвешка, Финска, Швајцарија, Словенија и Луксембург. Велика Британија, САД, Канада и Австралија се оценети како нискоризични земји. Повеќето од земјите што се високоризични се во Африка и на Блискиот Исток.


Фото: travelriskmap.com

Вкупно 14 земји се екстремно ризични: Авганистан, Јемен, Сирија, Либија, Мали, Сомалија, Јужен Судан, Централноафриканска Република, заедно со делови од Нигерија, ДР Конго, Украина, Пакистан, Ирак и Египет.

Дефиницијата за екстремно ризична земја покажува дека ова е земја во која владата има минимална контрола и законот и редот играат минимална улога или никаква во големи региони. Постои сериозна закана за насилни напади од вооружени групи, а владините и транспортните услуги едвај функционираат. Големи делови од земјата се недостапни за странците.

На мапата Македонија е означена како нискоризична земја, како и сите соседи освен Косово, која има среден ризик.

Мапата ги проценува и медицинските ризици пред пандемијата, а меѓу најризичните земји се Венецуела, Нигер, Либија, Сомалија, Јужен Судан, Еритреја, Јемен, Буркина Фасо, Гвинеја, Сирија, Авганистан и Ирак.

Автор: Хелен Кофи
Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот