X
 18.05.2017 Технологија

Опасна онлајн игра од Русија

Опасна игра која ги наведува децата и тинејџерите на самоубиство, а која потекнува од Русија, пристигнала и на Балканот. Играта е наречена „Синиот кит“, а предизвикала низа реакции во земјите во регионот, чии безбедносни служби потврдиле дека имаат сознанија за меѓународниот феномен на нејзино ширење.


фото извор: ecr.co.za

Онлајн играта ги поттикнува младите да се впуштат во серијата предизвици во текот на 50 дена. Ако децата се логираат на одредена слика на синиот кит или на хаштаг „Син кит“, „Во игра сум“, „F58“, „Разбуди ме во 4.20“, преку некои од социјалните мрежи, им пристигнува порака од непозната личност со прашање дали сакаат да ја започнат играта. Предизвиците се одвиваат од ден на ден, а „водителите“ на играта им задаваат на тинејџерите се` потешки задачи.

Творец на играта е Филип Будеикин, кој бил уапсен во ноември минатата година и се наоѓа во затворот „Крести“ во Санкт Петербург.

Психолозите сметаат дека децата би требало да бидат информирани за вакви појави уште од најмала возраст, а родителите постојано да внимаваат на користењето на технологијата од страна на младите, за да се спречат трагични последици.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија