Математиката на многумина не им беше омилен предмет во училиште, поради што и денес е еден од најомразените предмети. Или ја сакате или не ја сакате и не постои златна средина. Сепак, тоа не е причина да не се обидете да ги решите виралните математички задачи што кружат на социјалните мрежи.
Неодамна на „Јутјуб“ се појави математичка задача за која се тврди дека може да ја реши само едно од сто лица, што би значело дека точниот резултат го знае само 1 отсто од популацијата. Под „да се реши“ се подразбира да се добие точен резултат без користење калкулатор. А задачата гласи вака: 2:2:2:2.
За да ја решиме задачата точно, треба да ги делиме броевите редоследно. Прво се дели 2:2 и се добива 1. Потоа се дели 1:2 и тогаш се добива 1/2, односно 0,5. На крај треба да го поделиме 1/2 со 2. Оние што знаат да сметаат со разлики, знаат дека делењето треба да се претвори во множење така што првиот број се множи со обратниот број на бројот 2, а тој е 1/2. Тоа значи дека 1/2 го множиме со 1/2 и добиваме 1/4 (една четвртина), што е истовремено и решението на целата задача. Значи, точниот резултат е една четвртина или 0,25. Деталното објаснување можете да го погледнете на видеото.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Pixabay