X
 15.09.2016 Образование

Зошто броењето на прсти е важно за сфаќање на математиката?

Користењето на прстите за пресметување, нешто што често пати сме го правеле во детството, нашите наставници не го дозволуваа.

Меѓутоа, истражувањата од Универзитетот Стенфорд, објавено на веб страната youcubed, го поништува мислењето дека пресметувањето на прсти не е за паметните деца.

Џо Боалер, професорката по математика, наведува истражувања во областа на невронските мрежи кои се фокусираат на дел од мозокот кој е одговорен за перцепција и прикажување на прстите. Таа вели дека визуелните индиции и врските во мозокот се клучот за учење и разбирање на математиката.

Работејќи на истражување во 2015 година, Боалер и колегите откриле дека всушност, ние ги гледаме прстите во нашиот мозок, дури и тогаш кога не ги користиме додека сметаме. Кај 39 деца на возраст од 13 години, биле забележани сложени суптракции на мозочните региони кои се осветлувале дури и ако учениците не ги користеле прстите за да дојдат до резултатот.

Друго истражување на 47 деца на 6 годишна возраст, открива дека знаењето во аритметиката се зголемува ако научат да прават разлика и ги користат прстите при пресметување. Перцепцијата за прстите е толку важна што тоа е веројатно и причината што пијанистите и другите музичари често покажуваат подобро познавање и разбирање на математиката отколку луѓето кои не свират некој инструмент.

Иако примероците во истражувањето се релативно мали, Боалер предупредува дека обесхрабрувањето на децата да ги користат прстите кога бројат, е всушност начин на кој се ограничува и го отежнува нивното разбирање за математиката, но исто така и развивањето на мозокот.

Визуелниот пристап во наставата по математика во училиштата не ги искористува сите можности. Учениците кои имаат слаба меморија и користат броеви, но имаат силна моќ на визуелизација и прикажување, се сметаат за недоволно паметни.

Невизуелниот пристап кон математиката и сметањето на прсти е можеби причина поради која некои од најпаметните научници во историјата на светот, Алберт Ајнштајн и Томас Едисон, ги сметале глупави нивните наставници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование