Оваа логичка задача за мачка во капа ги збунува повеќето луѓе. Според економистот и математичар Преш Талвалкар, една анализа покажала дека само околу 36% од луѓето го знаеле решението на овој навидум едноставен проблем.
Задача со мачка и капа
Има три капи, а на секоја има напишано нешто.
На првата капа пишува: Мачката е во оваа капа.
На втората капа пишува: Мачката не е во оваа капа.
На третата капа пишува: Мачката не е во првата капа.
Само една од речениците напишани на капите е точна и има мачка само во една капа. Во која капа се наоѓа мачката?
Можни одговори:
1) Во првата капа
2) Во втората капа
3) Во третата капа
4) Во ниту една капа
5) Нема доволно информации.
Талвалкар го објаснува и решава проблемот во видеото во продолжение. Решението се наоѓа и на крајот од текстот.
Решение: Мачката се наоѓа во втората капа.
Автор: Кејти Дупер
Извор:
prevention.com
Фото: Screenshot/Youtube