Леонардо да Винчи не бил обичен човек, а неговите
листи со планови и задачи билесè освен глупави, за разлика од нашите денес. Тој постојано си носел бележник каде запишувал и црткал сè што ќе го предизвикало. Во една прилика напишал: „Корисно е постојано да се набљудува, да се бележи и разгледува“. Една од овие книги е засолниште на една негова листа со планови и задачи, која датира од 1490 година.
Роберт Кралвич од NPR (National Public Radio) директно ги превел ставките од листата. Ако на прв поглед не ви е јасно што запишувал Да Винчи како потсетник за доработување, имајте на ум дека не претпоставил дека ќе го читаме на интернет петстотини години подоцна.
[Пресметај] димензии на Милано и неговите предградија.
[Најди] книга за Милано и црквите во градот, што би требало да ја има во книжарницата на пат кон Кордузио.
[Откриј] димензии на Корте Векио (дворот во палатата на кнезот).
[Откриј] димензии на кастелот (палатата на кнезот).
Најди зналец на аритметика да ти покаже како се пресметува плоштина на триаголник (?)
Најди го Мезер Фацио (професор по медицина и право во Павија) да ти објасни за размерот.
Најди го Брера Фриар (во Бенедиктинската црква во Милано) да ти ја објасни De Ponderibus (средновековен текст за механиката).
[Разговарај со] Џанино (The Bombardier) да ти каже со кои средства кулата во Ферара е изѕидана без дупки (никој не знае што сакал да каже Да Винчи со ова).
Прашај го Бенедето Потинари (трговец од Фиренца) на кој начин се движат врз мрзот во Фландрија.
Нацртај го Милано.
[Разгледај го] самострелот на мајсторот Џането.
Најди зналец за хидраулика да ти каже како се поправа брава, канал и мелница на Ломбардиски начин.
[Распрашај се] за димензиите на Сонцето (ми вети мајстор Џовани Франчезе).
Обиди се да дојдеш до Витолоне (средновековен автор на текст за оптиката), што се наоѓа во библиотеката во Павија, и се справува со математиката.
Подоцнежните листи на Да Винчи, што датираат околу 1510 година, се чини се однесуваат на неговата фасцинација во подем посветена на анатомијата. Во еден бележник исполнет со прекрасни цртежи на коски и утроба, тој си задава повеќе задачи што треба да ги направи. Таму има нешта од типот „најди череп“, „опиши ги вилицата на крокодилот и јазикот на клукајдрвецот“, „направи процена на големината на трупот користејќи ја дожината на прстот како мерна единица“.