X
 21.07.2020 Наука

Поларните мечки може да изумрат до крајот на векот поради климатските промени

Климатските промени ќе предизвикаат изумирање на сите поларни мечки, покажува ново истражување објавено неделава.

Во некои региони поларните мечки веќе изумираат поради топењето на мразот. Намалувањето на мразот им го скратува времето за ловење фоки, велат научниците. Нивната намалена телесна тежина негативно влијае врз нивните шанси за преживување во текот на арктичките зими без храна.


Фото: Pixabay

Доколку продолжат тековните трендови, поларните мечки во 12 од 13 групи што биле анализирани ќе изумрат во следните 80 години. Арктикот се загрева двојно побрзо отколку целата планета. Според сценариото на научниците, површината на Земјата би се покачила за 3,3 Целзиусови степени над температурата пред индустриската револуција. Досега, температурата се покачила за еден степен и тоа веќе предизвикува топлински бранови, суши и невремиња кои се подеструктивни поради покачените нивоа на морињата.

Дури и ако човештвото успее да го стопира глобалното затоплување на 2,4 Целзиусови степени, околу половина степен над она што е договорено во Парискиот договор, тоа веројатно само ќе го одложи изумирањето на поларните мечки. Она што претставува опасност за поларните мечки не се покачените температури, туку неспособноста за адаптација во околината која брзо се менува.


Фото: Pixabay

Се претпоставува дека половина од фауната на Земјата е загрозена и може да изумре, но само поларните мечки се загрозени од климатските промени. Тие можеби нема да го задржат овој статус долго бидејќи климатското затоплување може да влијае и врз другите животни во следните децении.

Иако се предлагаат повеќе решенија за спасување на поларните мечки, најдобриот начин за да се заштити нивното живеалиште е да се стопира глобалното затоплување, велат научниците.

Автор: Марлоу Худ
Извор: phys.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука