X
 16.12.2023 Живот

Британска разузнавачка агенција објави божиќна загатка за деца. Дали вие можете да ја решите?

Каква врска имаат тајните кодови и децата со Божиќ?

Џи-си-ејч-кју, најголемата британска разузнавачка агенција, ја испрати својата годишна божиќна честитка, комплетирана со збир на загатки наменети за најмладите британски умови.

Овогодишниот предизвик е најтешкиот досега, велат од агенцијата, при што младите на возраст од 11 до 18 години треба да решат седум комплексни загатки за да ја откријат конечната празнична порака.

- Загатките се дел од агенцијата уште од самиот почеток. Овие вештини ги претставуваат нашите историски корени во криптографијата и шифрирањето и продолжуваат да бидат важни за нашата модерна мисија, а тоа е одржување на земјата безбедна - изјави директорката Ен Кист-Батлер.

zagatka
Фото: GCHQ

- Без разлика дали сте аналитичар, инженер или креативец, постои загатка за секого - додаде таа.

Загатката е дел од божиќната честитка на агенцијата и е достапна за преземање ТУКА. 

Станува збор за снежна фотографија од Втората светска војна, поточно Блечли Парк, каде што британските криптолози се обидувале да ги дешифрираат пораките испратени од нацистите. Меѓу нив бил и Алан Тјуринг, кој успеал да ги дешифрира кодираните германски пораки испратени со помош на машината за шифрирање наречена Енгима.

- Историјата на агенцијата во паркот Блечли е претставена во овогодишната божиќна честитка како потсетник за улогата што ова историско место ја одиграло за време на војната - изјави Кист-Батлер.

Секоја од седумте загатки има одговор кој се состои од еден збор по кој следува зборот „Божиќ“. Оние што ќе ги одговараат загатките треба да одлучат кои букви да се стават за да се открие конечниот одговор.

Извор: CNN
Фото: Gchq.gov.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот