X
 20.06.2015 Живот

Најлудите оптички илузии и објаснување како тие успеваат да не` збунат

Мозокот се смета за најкомплексната структура во историјата на еволуцијата, но и покрај тоа лесно се залажува. Мора да признаеме дека многу пати сме паднале на оптички илузии, а некои од нив, како фпознатите црно-сини и златно-сини фустани, ги поделија и луѓето.

 

илузија


Главната цел е да се дознае како мозокот и очите заедно делуваат во сфаќањето на светот околу нас, а за детално да добиеме увид во нашата перцепција, ви нудиме неколку луди оптички илузии и нивно објаснување.

1. Илузија со движење на тркалата

 

1


Иако гледаме кругови кои се вртат, станува збор за слика која е целосно статична. Всушност, станува збор за илузија на периферно движење која на нашиот мозок делува како и било која друга илузија на движење.

Човечкиот мозок процесира информации на едноставна основа. Кога ги поместуваме очите од лево на десно, гледаме визуелни траги во двете насоки во нашиот периферен поглед. Нашиот поглед процесира дел по дел.

Поради тоа нашиот мозок ги процесира елементите кои се во силен контраст.

2. Собата на Амес


 

Собата на Амес е дело  на американскиот офтамолог Аделберт Амес Џуниор, а тој ја создал во 1934 година. Собата си игра со нашата перспектива. Секоја соба има правоаголна или квадратна форма, а ѕидовите се паралелни. Собата на Амес има облик на трапез. Левиот агол е подалеку од камерата отколку десниот агол. Кога човек шета низ собата тој расте, додека во реалноста само се доближува до камерата.


3. Хибридна слика

 

Колку повеќе гледаме во сликата од Мерилин Монро, толку повеќе ни се појавува ликот на Алберт Ајнштајн. Станува збор за хибридни слики, од кои едната се наоѓа на врвот на другата. Во овој случај ги гледаме Мерилин и Алберт. Трикот е во тоа што сликата на Ајнштајн е подетална од сликата на Мерилин.


4. Геометриска оптичка илузија

 

Оваа илузија е само една од многуте геометриски оптички илузии во кои нашиот мозок прави грешка во најосновната задача: препознавање рамни линии. Единствено што се менува на фотографијата се додадените дијагонални лини..


Не постои објаснување зошто нашиот мозок така ја гледа фотографијата. Еден од можните начини вели дека во 0.1 секунда која му е потребна на мозокот да ја процесира светлината, луѓето го предвидуваат она што мислат дека треба да го видат.

5. Илузија на змеј

 

Оваа илузија оригинално ја дизајнирал американскиот магионичар и писател Џери Андрус, и станува збор за генијална илузија. За неа не е потребна холограмска техника или камера.


Оваа оптичка илузија е слична на собата на Амес, а таа си игра со нашата перцепција поради која изгледа како главата на змејот да не` следи.

6. Илузија на сивите нијанси

 

Во 1995 година, професорот на Институтот за технологија во Масачусетс Едвар Аделсон, докажа дека со илузија на сенката човечкиот мозок лесно може да се измами кога од нас се бара да се утврди вистинската боја од било што во сенката.


Неговиот експеримент покажува дека човечкиот мозок тешко ги перцепира благите промени во нијансите од истата боја, како на пример сивата.

7. Повратна слика

 

Ако доволно долго гледаме во оваа оптичка илузија, ќе забележиме дека балерината ја менува насоката на движење и ногата на која стои. Оваа оптичка илузија беше направена во 2003 година од веб дизајнерот Нобуки Каухара.


Поради тоа што ја гледаме фигурата како се врти во две насоки, илузијата се нарекува повратна илузија. Она што ја прави илузијата можна е фигурата во движење која целосно е во црна боја, и не нуди никакво чувство на длабочина на ликата.

8. Фустан

 

2


Илузијата на бојата на фустанот го подели интернет светот, а станува збор за прашањето дали фустанот има сина или црна боја, а многу луѓе гледаат златна и бела боја.

Станува збор за уште еден пример на повратна слика кадешто некои луѓе гледаат фустан во двете бои, а некои можат да видат само една боја.

9. Илузија на љубопитната мачка

 

3


Оваа оптичка илузија наметна уште едно прашање: дали мачката слегува или се качува по скалите? Вистински одговор не постои бидејќи постојат аргументи и за двете тврдења. За да го одговорат прашањето луѓето ја користат перцепцијата на умот која е вградена во нашето животно искуство.

10. Илузија на смачкана месечина

 

4


Станува збор за вистинска фотографија направена за време на полна месечина во 2012 година, а ја забележале астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Станува збр за различна илузија за која не е заслужна перцепцијата на нашиот мозок. За оваа илузија заслужно е светлото кое доаѓа до камерата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот