X
 16.12.2024 Живот

Швајцарски суд пресуди - кравите можат да носат ѕвона и навечер

Двајца земјопоседници од швајцарскиот кантон Фрибург ќе мора да се помират со ноќното ѕвонење на ѕвоната на кравите од блиската фарма бидејќи Федералниот суд го одби нивното барање да се отстрани тој извор на врева,

За да го решат проблемот, сопствениците на земјиштето поднеле тужба и побарале да се отстранат ѕвоната од кравите кои престојувале на пасиштата во непосредна близина на нивните имоти во периодот од 22 до 7 часот. Своето незадоволство го поткрепиле со независни мерења на нивоата на врева.

Граѓанскиот суд делумно ги прифати нивните барања, но кантоналниот суд во Фрибург ја поништи таа одлука и го врати случајот до граѓанскиот суд за да подготви официјален извештај за вревата.

Според нив, кантоналниот суд ги отфрлил и привремените мерки со кои во текот на ноќта биле отстранети ѕвоната на кравите, што подоцна Федералниот суд го потврдил во пресудата објавена во четвртокот.

Извор: 6уka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот