X
 15.01.2017 Живот

Како часовите по пливање станаа проблем во Швајцарија?

Властите велат дека задолжителните лекции кои ги вклучуваат и момчињата и девојчињата се потребни за интеграција, но со тоа не се согласуваат сите.

Европскиот суд за човекови права донел пресуда во корист на Швајцарското училиште за одлуката двајца муслимански студенти да не бидат ослободени од задолжителните часови по пливање што ги посетуваат и машки и женски, откривајќи дека училиштето не ги злоупотребило религиските слободи и права на учениците, како што тврделе нивните родители.

Во 2010 година, Азиз Османоглу и Сехабат Коцабас, швајцарски државјани од турско потекло, не сакале да ги испратат своите ќерки, на возраст од 11 и 9 години, на родово мешани часови по пливање, во женско училиште во Базел. Тие рекле дека лекциите кои вклучуваат пливање во костими за капење пред машките, е против муслиманската вера. Од училиштето сметале дека исклучоци можат да се направат само за ученици кои се во пубертет, а на девојчињата им било понудено да носат целосни костими за капење. Исто така, од училиштето ги предупредиле родителите дека ако девојчињата продолжат да отсуствуваат од часовите, ќе мора да се соочат со парична казна од 1.292 евра. И девојчињата продолжиле со отсуствата.

Родителите прво се обратиле на судот во Базел, каде што биле одбиени. Потоа се обратиле на Швајцарскиот федерален суд и таму биле одбиени. Потоа поднеле барање до Европскиот суд за човекови права. Судот го признал фактот дека часовите предизвикуваат проблем од религиска природа, но и фактот дека одлуката на училиштето не е насочена кон злоупотреба на нивните религиски слободи и права. Родителите имаат три месеци за да поднесат жалба.

Ова не е прв пат судот да донесе одлука во корист на интеграцијата а не религиската слобода, а не е и прв случај во Швајцарија во кој одредени граѓани се жалат за непочитување на религијата.

Муслиманите во Швајцарија зафаќаат околу 5 проценти од целокупното население. Во 2009 година, со референдум била изгласана одлука да не се дозволи конструкција на минариња на џамиите. Сепак, интеграцијата очигледно е далеку повеќе применувана отколку религиските права и слободи. Од страна на муслиманските претставници во земјата има различни мислења и ставови во врска со ова прашање.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот