X
 07.01.2017 Живот

Канада продава село за само 2 милиони долари?

Кандаско село кое се наоѓа на околу час возење северно од Монтреал, може да биде ваше за само 2 милиони долари, меѓутоа постои „финта“.

 

село


Од 45 згради во селото Канадијана, само една е погодна за живот, бидејќи сите останати се дел од сценографија.

Селото Канадијана всушност било изградено за да биде туристичка атракција со цел да потсетува на населба од 19-от век. Некогаш имало и по 30.000 посетители на годишно ниво.

И покрај тоа, интересот е доста голем, бидејќи во ова село се снимиле над 100 филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и биографската драма за Боб Дилан „I'm Not There“.

Сопствениците велат дека би сакале селото да го купи некој кој планира да го одржува, што значи дека ќе мора да се грижи за салонот, црквата, продавницата, мостот, „затворот“, воденицата и гробиштата, како и за 20-тина куќи.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот