Целото италијанско село е достапно за изнајмување и едно ноќевање на таа локација чини околу 10 евра за лице. Прекрасната општина Петритоли во регионот Ле Марке, на источниот брег на Италија, има замок и театар и може да прими од 50 до 200 луѓе.
Селото обично се издава за свадби, забави или други големи настани. На располагање се вкупно 98 спални соби, а нивната резервација е околу 1.500 евра од ноќ.
Селцето е скриено и ги нема типичните карактеристики на туризмот: нема менија на повеќе јазици, нема казни за паркирање и нема наметливи продавачи.
Во селото се наоѓа и замокот „Палазо Маночи“ со базени и градини, а се наоѓа на 300 метри надморска височина.
Покрај тоа, селото има неколку плоштади, ресторани, барови, винарници и продавници. Бидејќи селото не е големо, сè е на неколку минути пешачење.
Фото: Group Accommodation