X
 31.03.2017 Здравје

Причина плус зошто децата треба да бидат физички активни

Охрабрувањето на децата да станат од каучот и да го поминат времето во движење не е лесно. Тие се забавуваат со различни уреди, игри, тв серии па не сакаат да бидат надвор на воздух, занимавајќи се со некои спортски активности или играјќи со врсниците.

Новото канадско истражување покажува колку е важно да се тргнат децата, особено оние во тинејџерски години, од мобилните телефони и да се натераат макар 60 минути дневно да бидат физички активни и тоа не само за да ја спречат прекумерната телесна тежина.

Тинејџерите почесто ги кршат коските ако не се активни - тврди ова канадско истражување. Децата кои ја избегнуваат препорачаната дневна физичка активност имаат многу послаби коцки отколку активните врсници. Силата на коските има клучно значење во превенцијата на фрактурите, вели Ли Гејбел, од Универзитетот во Британска Колумбија.

Децата кои само седат и не се движат, не ги пополнуваат нивните коски на начин на кој би промовирал сила на коските во критично време на нивниот развој. Од витално значење е возраста од 12 до 16 години кога се формира 36% од скелетот. Силата на коските е комбинација од големината, густината и микроархитектурата, пишува во истражувањето на канадските научници во магазинот „Journal of Bone and Mineral Research“. Послабите коски го зголемуваат ризикот од остеопороза од која боледуваат постарите луѓе.

Ова истражување се надоврзува на друго шпанско истражување од 2013 година које покажало дека децата кои се физички активни помалку од еден час дневно се кандидати за срцеви заболувања подоцна во текот на животот. Норвешко истражување пак, утврдило дека децата кои се физички активни имаат многу подобро ментално здравје и поретко имаат пореметување на расположението подоцна во животот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје