X
 23.12.2017 Технологија

Научете да кодирате во 2018 година


кодирање
Фото: Flickr


Промената на кариерата, добивањето идеја за некаква апликација или едноставно учење на нешто ново и корисно се доволни причини за да започнете да се занимавате со програмирање. Учењето програмски јазик може да звучи исто застрашувачки колку и учењето на нов јазик, но со вистинските совети и ресурси можете да станете експерт.

Откријте зошто сакате да кодирате


Пред да започнете да кодирате, треба да дознаете каква придобивка би имале од кодирањето. Дали е нова кариера, исполнета со малку поголема флексибилност и пари? Или можеби сакате сами да создавате апликации? Без оглед на случајот, не треба да се чувствувате исплашени од бројот на јазиците или комплексноста на одредени делови на софтвер што ќе ви биде потребен да започнете со кодирање.

Научете неколку јазици за подобро да се доближите до кодирањето


Ако сакате да започнете, прво е потребно да ги научите основите на повеќе јазици. Така ќе го сфатите концептот на секој програмски јазик, ќе научите како различните симболи имаат различна функција во секој програмски јази и ќе статите како тие комуницираат еден со друг.

Заштедете пари и земете бесплатни книги


Не трошете пари на книги до моментот кога ќе ви притребаат. Ако ви е потребен материјал за читање, тогаш ќе ви помогне оваа листа на 500 бесплатни книги за програмирање, математика и инженерство. Постојат книги за популарни јазици како „С“, почетнички туторијали за уреди како „Raspberry Pi“, па дури и листа на книги за машинско учење. Проверете ја базата на податоци на „Github“ за да најдете нешто повеќе.

Дознајте што е „Github“


Кога зборуваме за „Github“, треба да дознаете како функционира доколку планирате програмирањето да биде главен дел во вашиот живот. За среќа видеото подолу објаснува што е „Github“ колку што е можно поедноставно.



Најдете предизвик со „Bug Bounty Hunts“


Доколку го совладавте програмирањето и сакате да се изложите себеси на некој предизвик, тогаш вклучете се во лов по „bugs“ каде компаниите ги објавуваат пропустите во софтверот за кој бараа поправка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија