X
 28.06.2019 Технологија

Робо-пчела користи соларна енергија за да лета

Истражувачи од микророботичката лабораторија на „Харвард“ излегоа со најновата верзија на нивната робо-пчела.

Робо-пчелата е минијатурен робот за чија изработка инспирацијата доаѓа од биологијата на пчелите. Таа досега имаше само две крилја и тежеше помалку од 1/10 од грам. Но, засега мораше да се потпира на поврзување за да добива енергија за летање.

Најновиот модел е едно ниво погоре поради соларните ќелии и екстра пар крилја за постабилен и поавтономен лет.

Но, има и една големо ограничување - пчелата може да лета само половина секунда бидејќи не може да влече батерија затоа што тоа би ја направило многу потешка.

- Преминувањето од две на четири крилја беше фактор за тоа како да го зголемиме издигнувањето без да ја зголемиме и потрошувачката на енергија - вели Фарел Хелблинг, инженер од „Харвард“ кој работел на роботот.



Вестите доаѓаат откако тим инженери од Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес направија летечки робот со 4 крилја, наречен „Би +“, кој е многу потежок (95 грама).

Понатамошното унапредување на инженерингот би можело да ги направи микророботите уште поавтономни, а потоа тие би можеле да се користат за извршување мерења на квалитет на воздух, барање преживеани луѓе во рушевини итн.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија