X
 09.01.2017 Наука

Се подготвува вистински небески спектакл

На почетокот на третиот век на подрачјето на Велика Британија се случувала граѓанска војна, а римскиот цар Септимиј Север се подготвувал за голема војна за да го освои северот. Истовремено на небото се судирале две ѕвезди и предизвикале катаклизмична експлозија, а борците за тоа не биле ниту свесни.


Сега, дури 1800 години подоцна, светлоста од тој судир конечно ќе допатува до Земјата и ќе создаде нова ѕвезда на ноќното небо. Ваков спектакл е можно да се следи само преку телескоп, но во 2022 година кога две ѕвезди ќе се судрат (а всушност веќе се судриле), ќе создадат доволно силна експлозија која ќе биде видлива и со човечко око.

Се проценува дека трагата од судирот интензивно ќе остане на небото дури шест месеци, а потоа по две до три години, постепено ќе слабее и ќе почне да сјае како останатите ѕвезди.
Ова е прв пат експертите да предвидат раѓање на нова ѕвезда, а астрономите за прв пат ќе го забележат нејзиното создавање на небото.

Експертите додаваат дека ваквите експлозии во нашата галаксија се случуваат барем еднаш во деценија, но ова е преседан заради близината и јачината на целиот процес.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука