Науката ги одредила најпривлечните танцувачки движење на жените. Психолозите во Велика Британија побарале од 39 студентки да танцуваат на песна од Роби Вилијамс. Нивните движења биле снимени со технологија за ловење на движења, а истражувачите ги трансформирале во дигитален аватар.
Студијата била објавена во „
Scientific Reports“, а истражувачите претходно ги идентификувале најзаводливите танцувачки движења на мажите. Најдобрите движења кај нив биле централизирани во горниот дел од телото, додека пак, кај жените, околу колковите, бутовите и рацете.
Ова е пример за „добар“ женски танцувач:
Истражувачите давале подобар рејтинг на поголемите движења околу колковите и асиметричните движења на нозете. Исто така, преферирале средно ниво на асиметрични движења на рацете.
Ова пак, е пример на „лош“ танцувач:
Без разлика како танцувањето еволуирало, во денешното општество има повеќе функции како поврзување со пријатели или едноставно за забава.