Ако ве интересира дали во Македонија има повеќе мажи или жени, и каков е соодносот меѓу половите и во другите земји во светот, одговорот можете да го пронајдете на интерактивната мапа подолу.
Црвената боја ги означува земјите во кои претежно живеат мажите, а сината боја ги означува државите во кои преовладува женската
популација. Во земјите со жолта боја живеат приближно ист број на мажи и жени.
Доколку анализираме подлабоко, во Македонија околу 17.27% се луѓе од 0-14 години (187.752 машки пол, 174.935 женски пол), додека од 15 до 24 години се 13.69% од населението (148.340 машки пол, 139.195 женски пол), од 25 до 54 години се 43.65% од населението, што е и најголема група, (465.622 машки пол, 451.028 женски пол), од 55 до 64 години се 12.3% од населението (126.548 машки пол, 131.749 женски пол) и над 65 години се 13.09% од населението (117.787 машки пол, 157.069 женски пол).
Ова значи дека соодносот меѓу половите за целото население изнесува 1.000, односно жените се во блага предност.