Кога станува збор за новозаразени од коронавирусот, сите земји во регионот бележат раст на бројот, а ситуацијата е најдобра во Хрватска, која бележи раст и инциденција од 121 на милион жители. Најлоши бројки има Црна Гора со 888 нови случаи на милион жители, а веднаш по неа е Србија со 544 нови случаи на милион жители.
Македонија се најде на третото место со 298 нови случаи на милион жители, а зад неа е Босна и Херцеговина со 197 нови случаи на милион жители.
Фото: Our world in data
Смртни случаи на милион жители
Според податоците од „Our World in Data“, бројот на смртни случаи е најголем во Црна Гора со 13,65 на милион жители, односно на 6 март биле забележани 11 смртни случаи. Во Босна и Херцеговина забележани се 6,84 смртни случаи на милион жители, Македонија - 4,05 смртни случаи на милион жители, Хрватска - 2,58 смртни случаи на милион жители, а најмал број бележи Србија, со 2,37 смртни случаи на милион жители.
Фото: Our world in data
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik