Податоцитe од Националниот здравствен сервис во Англија покажуваат дека бројот на луѓе кои се упатуваат во брзата помош се зголемил за 4.5 милиони на секое тримесечје во 2004 до речиси 6 милиони на тримесечје кон крајот на 2017 година, што е пораст од околу 25%.
Со создавањето на Националниот здравствен сервис во 1948 година, здравствените услуги се бесплатни и универзални. Здравствената нега се финансира од даноци и придонеси преку националното осигурување, кое произлегува од приходите од многуте државни придобивки. Но, во моментов Националниот здравствен сервис се соочува со тешкотии – поголемо население, кое живее подолго и страда од покомплексни состојби кои бараат континуирано лечење, а со тоа доаѓаат и поголеми трошоци. Проблемот е и што нема доволно кревети во болниците за згрижување на големиот број пациенти. Експертите сметаат дека потребно е поголемо финансирање за да се намали долгот на болниците чии буџети не се доволни за да пружат подобра транзиција од промените во здравствениот сектор.
И неколку други земји имаат слични нивоа на финансирање на здравството, кое се базира на даночен систем, како што се Финска, Шведска, Португалија и Шпанија. Германија и Франција пак, трошат 11.3% и 11.5% од нивното БДП на здравството и имаат повеќе болнички кревети по жител, повеќе доктори на 1000 луѓе и подолги животни очекувања. Германија и Франција го користат социјалното осигурување како модел за плаќање на здравствените услуги. Парите се земаат од приходите, но за разлика од САД, сите се покриени, а компаниите не профитираат. Луѓето плаќаат надомест, од 5 долари до 11 во Германија и 25 долари во Франција.
Во САД, пак, здравствениот систем се базира на приватно осигурување и ги покрива само оние кои се осигурани, а тоа доведува до профитирање на компаниите во таа индустрија. Што значи дека добра здравствена нега добиваат само оние кои имаат доволно пари.
Експертите сметаат дека здравствената нега треба да биде бесплатна, односно моделите на Германија и Франција ги посочуваат како добри системи. Исто така, тие препорачуваат дека најдобро е да се анализираат најдобрите здравствени модели на светот и да се креира комбинација од најпозитивните точки во истите. Потребата од идентификување на она што им е потребно на луѓето и поставување на приоритети, ќе помогне во меаџирањето на очекувањата, а и на ресурсите, велат експертите. Со тоа пациентите ќе бидат задоволни.
Здравството е комплексен сектор од општеството, па експертите сметаат дека предизвиците со кои сега се соочува оваа област во светот, не се за потценување.