Сакате да патувате низ светот? Тогаш ќе морате да проверите каде можете да патувате со вашиот пасош.
Кои земји имаат најмоќен пасош? Кога станува збор за меѓународно патување, каде одите и не е толку важно колку што е важно од каде доаѓате. Причината за тоа е што, различните пасоши дозволуваат различни нивоа на таканаречената слобода на патување.
Додека некои патници може без проблем да поминат низ царина и да останат во странство повеќе месеци или години, други се изложени на скапи визи, одредена временска рамка и други потешки процеси за престој.
Зошто постои оваа разлика и кои земји го имаат најмоќниот пасош, можете да откриете на видеото подолу.