Постојат 16 земји во светот за кои се препорачува да не ги посетувате и се водат како опасни подрачја. Британската влада советува и за дополнителни 40 места во светот.
Министерството за надворешни работи ги советува жителите на Британија да ги избегнуваат овие шест земји, и ги советува оние што живеат таму да ги напуштат што е можно побрзо:
- Централна Африканска Република
- Либија
- Сомалија
- Јужен Судан
- Сирија
- Јемен
Секоја од овие шест земји има неверојатни градови, култура, кујна и предели, но безбедноста на патниците е на прво место.
Мапата може да ја погледнете и
ОВДЕ.
Sangha Trinational во Централната Африканска Држава, е град кој се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО. Познат е по реката Шанга и опфаќа три соседни прекугранични национални паркови, во големина од околу 750.000 хектари.
Фото: iStock/Getty Images
Sabratha во Либија е археолошки локалитет кој бил феникиски трговски центар, пред да стане римски бастион во 2 и 3 век пр.н.е.
Фото: PATRICK BAZ/AFP/Getty Images
Socrata Archipelago во Јемен е локалитет познат по разновидноста во живиот свет со богата флора и фауна. Пределот е речиси недопрен од луѓе и се наоѓа во
северозападниот дел на Индискиот Океан.
Фото: KHALED FAZAA/AFP/Getty Images