X
 16.01.2017 Култура

Истражувачите пронашле приврзок каков што имала Ана Франк

Од меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, соопштиле дека истражувачите откопувајќи ги посмртните останки на жртвите од еден од нацистичките логори на смртта, откриле приврзок кој се чини дека е идентичен на оној кој и припаѓал на Ана Франк.


Претставници на центарот наведуваат дека е утврдено дека приврзокот и припаѓал на Каролин Кон, еврејско девојче кое настрадало во логорот Собибор и можеби ја познавала Ана Франк, која е позната по пишувањето на дневникот за време на криењето од нацистите.

Каролин, како и Ана, е родена во Франкфурт, 1929 година, а истражувачите се обидуваат да потврдат дали на некој начин овие две девојчиња биле поврзани.


Ана Френк починала во 1945 година од тифус во концентрациониот логор „Берген Белзен“, неколку дена после својата постара сестра Марго.


„Дневникот на Ана Франк“ преведен е на 67 јазици и продаден во повеќе од 30 милиони примероци ширум светот. Израелската управа за антиквитети од 2007 година спроведува ископување на местото на некогашниот логор во Полска и до сега открила темели на гасна комора и платформа за воз.

Повеќе од 250 илјади Евреи биле убиени во Собибор, еден од најпознатите примери на нацистичкото „конечно решение“ за искоренување на европските Евреи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура