X
 05.06.2022 Наука

Јапонскиот метод на заробување јаглерод е 99 отсто ефикасен и двојно побрз

Истражувачи предводени од професорот Сеиџи Јамазое од Метрополитен универзитетот во Токио успеале да развијат нов метод за директно заробување на јаглеродниот диоксид. Работи со 99 отсто ефикасност.

Светот преминува кон почисти извори на енергија. Сепак, транзицијата е пролонгирана и додека таа да заврши во следните неколку децении, тони јаглероден диоксид дополнително ќе се испуштаат во атмосферата, што ќе ги забрза климатските промени. За да се задржи количината на јаглероден диоксид ослободен во атмосферата, се применуваат многу стратегии, а една од нив е директно фаќање на воздухот.

Директно фаќање на јаглеродниот диоксид во воздухот

При овој метод јаглеродниот диоксид се извлекува директно од воздухот. Заробениот јаглерод може или да се складира во длабоки геолошки формации или да се користи за различни активности, како што се преработка на храна или производство на синтетички горива.

За да се направи ова, постојат два главни пристапа. Еден од нив се нарекува DAС, каде што воздухот се пренесува низ течни системи и се случува хемиска реакција помеѓу течен раствор и јаглероден диоксид заробен во растворот.

Другиот пристап е цврст DAC кој користи цврсти филтри што реагираат со јаглеродниот диоксид. И двата система се реверзибилни, што значи дека заробениот јаглероден диоксид може да се ослободи со високи температури кога е потребно, а системите може повторно да се користат.

Главниот недостаток на системите за фаќање јаглерод е нивната неефикасност. Иако во моментов се градат или се поставуваат големи системи за заробување на јаглеродот, тие ја губат ефикасноста бидејќи го задржуваат јаглеродот и се оштетуваат со високите трошоци за обновување на гасот.

Тимот на Јамазое работел на систем за сепарација на течна-цврста фаза за да го фати јаглеородот. Системот работи како течен DAC, но наместо да се заглави во растворот, хемиската реакција настанува така што заробениот јаглерод е нерастворлив и излегува од растворот како цврста супстанција.

Истражувачите се фокусирале на користење течни амински соединенија за нивната работа и ги мешале нивните структури за да ги подобрат брзината и ефикасноста на реакцијата.

Користејќи соединение наречено изофорон диамин (IPDA), истражувачите постигнале ефикасност од 99 отсто кога работеле со концентрации на јаглерод од 40 ppm (делови на милион). Истражувачите тврдат дека заробениот јаглерод се таложи како карбаминска киселина, а брзината на оваа реакција е двојно побрза од онаа на водечките DAC-системи низ светот.

Заробувањето на јаглеродот е лесно во овој систем, но и неговото ослободување е исто така едноставно. Талогот едноставно треба да се загрее на 60 Целзиусови степени за да се врати јаглеродниот диоксид. Откриената течност потоа може повторно да се искористи во процесот на заробување на јаглерод.

Извор: Interestingengineering.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука