Ги посетил сите 196 земји додека наполнил 24 години, а повеќето од земјите ги посетил во рок од пет години. Минатат година примил Гинисова награда за постигнат рекорд, како најмлада личност во светот која патувала во сите суверени држави.
Сепак, за 28 годишниот
Џејмс Асквит, кој сега работи во „Дојче Банк“ во Лондон, тоа воопшто не било во план. Започнал да патува со татко му и со тек на време решил да патува секаде. Штедел пари на различни начини бидејќи живеел со своите родители и работел на повеќе работни места, а успеал да посети навистина интересни места како : Јужна Азија, Авганистан, Сомалија, Јордан, Сирија. Неговиот профил на Инстаграм веќе има 84 илјади следбеници. Се обидувал да помине барем еден ден или ноќ во секоја земја, а користел поевтин авионски транспорт, за да заштеди.
Минатата година добил е-мејл во кој пишувало дека е добитник на награда за Гинисов рекорд. Вели дека чувството е неверојатно. Сега, со сето искуство кое го има позади себе, започнал да пишува книга со наслов „Breaking Borders“.
Следни дестинации за него се Северниот и Јужниот Пол, а за неколку месеци планира да го посети и Пуерто Рико. Џејмс вели : „Има уште многу што да се види“.