X
 31.03.2015 Култура

Местото на тивките луѓе во Финска

Доколку некогаш возите по автопатот 5, на приближно 30 километри северно од Сумусалми во Финска веројатно ќе забележите стотици фигури на луѓе. Но, тие не се луѓе.


Тие се фигури кои наликуваат на плашила поставени на поле од страна на локалниот уметник Рејо Кела. Зошто тие се поставени таму?

Кела не ја открива својата цел. Наместо тоа, тој сака луѓето сами да ја интерпретираат неговата уметност. Локалните жители сметаат дека тие се во чест на луѓето кои загинале во битка за време на Зимската војна во 1939 и 1940 година помеѓу Финска и сегашна Русија.





Која и да е нивната цел, „тивките луѓе“ го привлекуваат вниманието на патниците кои поминуваат покрај полето, а најмногу мотоциклистите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура