X
 04.08.2024 Живот

Кои земји во ЕУ имаат најдолги, а кои најкратки работни недели?

Графиконот даден подолу ги визуализира просечните часови што Европејците ги работат секоја недела по земја, според Анкетата за работна сила на „Евростат“ од 2023 година.

Податоците опфаќаат вработени лица на возраст од 20 до 64 години и вклучува целосно и скратено работно време.

Граѓаните на Балканот работат најдолго во цела Европа

1
Фото: Visual Capitalist

Помалку богатите земји во Европа имаат подолги работни недели. На пример, луѓето на Балканот, вклучувајќи ги Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Романија, во просек работат над 40 часа неделно.

Спротивно на тоа, оние во Холандија во просек работат 32 часа неделно. Оваа разлика меѓу Источна и Западна Европа не е нова. Податоците од 2008 година ги одразуваат главно истите трендови.

casovi
Фото: Visual Capitalist

Друго откритие во Анкетата за работна сила е колку се разликува неделното работно време по занимање. Оние во земјоделството, шумарството и рибарството имаат најдолги работни недели (44 часа).

Кога се вкрстуваат двата збира на податоци, се појавуваат некои корелации. На пример, во Турција и во Србија, каде што работниците најдолго  работат, речиси 20 отсто од работната сила е вработена во земјоделството.

1
Фото: Visual Capitalist

Слично на тоа, Босна (3. место) и Романија (5. место) имаат приближно иста распределба (20 отсто) од работната сила во земјоделството.

Во меѓувреме, просечните часови во Грција ќе се зголемат: владата воведе шестдневна работна недела за одредени индустрии, во обид да ја зголеми продуктивноста.

*Истражувањето нема податоци за Македонија.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот