На Хаваите
климатските промени се едни од главните причини за ризиците на кои подлежат птиците, меѓу кои и 6 вида на honeycreepers. Тие се мали, во светли бои и преживуваат на големи височини каде е помалку веројатно живеалиштата да им бидат оштетени од човекот. Со глобалното загревање тие се преселуваат на повисоките места и се особено подложни на птичја маларија, а стручни лица претпоставуваат дека два вида на птицата ќе исчезнат до следната деценија.
Baird’s sandpiper
За овој вид мали птици загриженоста е помала, но главно се однесува на тоа колку ќе се адаптираат временски на климатските промени, во што до сега покажале позитивни резултати. Истражувањата покажуваат дека за оние птици кои се појавуваат пред сезоната е помалку веројатно да преживеат.
Giant mountain lobelia
Giant mountain lobelia расте во Етиопија и е тропско растание кое личи на палма и расте до 10 метри височина. Кај нив се забележува дека потешко се приспособуваат на антропогените климатски промени и според заклучоците масивно ќе им се намали бројот (до 82%) што води и до целосно истребување.
Bramble Cay melomys
Овој вид на глодари биле најпрво откриени и убиени на мал корален остров од Европејците во 1845. До 2009 од локални рибари било забележано дека 97% од живеалиштето е уништено. Научниците поставиле мамци во 2011 и 2014 за да може да ги спасат од истребување по вештачки пат, но веќе немало трага од животното.
Sierra Nevada blue
Sierra Nevada blue е мала пеперутка во сино-кафеава боја и една од загрозените видови во Шпанија. Најголемата закана се климатските промени. Како што се топи ледот тие се принудени да одат повисоко во планините што придонесува за нивно исчезнување.
Sea turtles
Качувањето на нивото на водата и бурите многу негативно може да се одразат на водните желки кои ги положуваат своите јајца на морските брегови. Истовремено, научниците откриле дека од повеќето јајца што се положуваат на жешките песоци ќе се родат женски желки. Други стручни лица од областа велат дека жешките песоци може да придонесат за целосно уништување на плодот.
Adélie penguin
Бројот на пингвините на западниот дел од Антартикот се намалил за 80% од 1970тите, особено затоа што таму во последните години се забележани повисоки температури на морската површина, а овој вид пингвини не би можел да опстане без морскиот мраз. Јајцата не би преживеале ако пливаат во вода и не би било можно да се направат гнезда. Контролата на изворот на храна е помала затоа што рибите се подостапни за ловење.