X
 08.09.2021 Живот

Речиси 30 отсто од видовите во природата се загрозени

Меѓународната унија за зачувување на природата предупредува дека 28 отсто од сите 138.374 видови што биле идентификувани од страна на Унијата сега се ставени на „црвена листа“, што значи дека се под висок ризик од изумирање. Бројот на видови што се под висок ризик од изумирање продолжува да расте, пренесува Си-ен-ен.

Според организацијата, 37 отсто од видовите ајкули и раи се под ризик од изумирање, а дополнителни 31 отсто од овие видови се погодени од проблеми во околината на живеење и 10 отсто се погодени од климатските промени.

Комодскиот змеј сега се смета за загрозен вид поради загуба на живеалишта како последица од човечки активности и климатски промени.


Фото: Pixabay

Кога станува збор за другите животински групи, процентот на видови што се загрозени од водоземците изнесува 41 отсто, кај цицачите изнесува 26 отсто, а кај птиците 14 отсто.

Обединетите нации ќе одржат конференција за климатските промени во ноември, на која се очекува да се донесат одлуки за повеќе цели поврзани со климатските промени.

Извори: CNN | IUCN Red List
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот