X
 15.09.2018 Наука

Научниците откриле што го предизвикало најголемото масовно истребување во историјата на светот

Додека исчезнувањето на диносаурусите добива поголемо внимание што се однесува до масовните изумирања, на Земјата ѝ се случил уште покатастрофален настан наречен „Големото изумирање“. Сега научниците открија како оваа катаклизма, која се случила пред околу 250 милиони години, успеала да убие повеќе од 90 отсто од животот на планетата.

Причината за настанот била огромна вулканска ерупција во денешен Сибир, Русија. Извонредно е тоа што ерупциите траеле околу еден милион години.

Водечкиот автор на истражувањето, Мајкл Бродли, постдокторски истражувач во Центарот за петрографско и геохемиско истражување, ја објаснува оваа уникатна катастрофа:

- Обемот на ова изумирање бил толку неверојатен што научниците често се прашувале зошто оваа област била посмртоносна отколку другите слични ерупции - изјави Бродли.

istrebuvanje
Фото: Ron Miller


Навистина, исчезнувањето не влијаело само врз поголемите животни, туку и убило 96 отсто од морскиот живот, како и многу инсекти. Тоа предизвикало таква загуба на биолошката разновидност што биле потребни уште 10 милиони години за екосистемот да се врати во првобитна состојба.

Објаснувањето? Геолозите сметаат дека поттикнатата вулканска ерупција била толку масивна што го уништила озонскиот слој на Земјата. Ова го откриле преку анализа на составот на литосферата - тврд надворешен дел од планетата, која ја вклучува кората. Пред да се случи овој настан, сибирската литосфера содржела многу хлор, бром и јод, сите хемиски елементи од групата халогени. Сите знаеме дека вдишувањето гас што ги содржи овие елементи е токсично и резултира со смрт. Но, по вулканската ерупција овие елементи навидум исчезнале.

- Заклучивме дека голем резервоар на халогените што бил складиран во сибирската литосфера бил испратен во атмосферата на Земјата за време на вулканската експлозија, што ефикасно го уништил озонскиот слој во тоа време и придонел за масовно истребување - објаснува Бродли.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука