X
 23.01.2017 Живот

Најплатените професии во САД за 2017 година

Кога сте во потрага по работа, важно е да барате професии кои се значајни но и претставуваат предизвик. Но, и висока плата не е на одмет.

US News & World Report“ неодамна објавиле листа на најдобри професии, според просечна плата, ниво на стрес и слично:

20. Фармацевт

 

2


Просечна годишна плата: $119,270

Раст (2014 до 2024): 3 %

Фармацевтите не само што препишуваат рецепти, тие и ги едуцираат пациентите за потенцијалните несакани последици од лековите и ги советуваат како да се справат со истите.

19. Бизнис оперативен менаџер

Просечна годишна плата: $119,460

Раст (од 2014 до 2024): 7%

Овие лица се грижат за деталите кои се витални за одвивање на бизнисот, како што се вработувањето на нови таленти, преговори, соработка со други компании, креирање стратегии и создавање на водечки ефикасни тимови.

18. Менаџер за продажба

 

2


Просечна годишна плата: $130,400

 

Раст  (од 2014 до 2014): 5%

Овие менаџери ги доставуваат продуктите на компаниите до купувачите. Нивна работа е да ги утврдат врските со купувачите, да ги водат продажните тимови, развиваат програми за нови вработувања и слично.

17. Финансиски менаџер

Годишна просечна плата:
$134,330

Раст (од 2014 до 2024): 7%

Нивната задача е да советуваат и да ги контролираат финансиите. Се бават со броеви и финансиски извештаи.

16. Специјалист за стапала и зглобови

Просечна годишна плата:
$136,180

Раст (од 2014 до 2024 ): 14%

Специјалистите за стапала и зглобови се грижат за одредените појави на овие делови од телото.

15. Адвокат

Годишна просечна плата:
$136,260

Раст (од 2014 до 2024): 6%

Во приватна компанија или на јавна позиција, сепак адвокатите имаат многу обврски, за кои е потребно значително време поминато во канцеларија.

 

14. Маркетинг менаџер

 

Годишна просечна плата: $140,660

 

Раст (од 2014 до 2024): 9%

Оваа позиција бара извршување на различни задачи, од вработување на нови таленти до стратешки планирања и дизајнирање на работата.

13. Менаџер за информациска технологија

 

3


Годишна просечна плата: $141,000

Раст (од 2014 до 2024): 15%

 

„IT“ менаџерите вршат супервизија на софтверот и хардверот, ги заштитуваат мрежите во канцелариите од хакери и вируси, а и ги координираат технолошките проблеми.

 

12. Инженер за нафта

 

Годишна просечна плата: $149,590

Раст (од 2014 до 2024): 10%

 

Овие лица креираат технологии и нови начини кои ќе се применат во бизнисот со нафта.

11. Медицинска сестра анестетичар

Годишна просечна плата:
$160,250

Раст (од 2014 до 2024): 19%

Овие медицински сестри им помагаат на лекарите да ги завршат процедурите со давање анестезија, преку лекови или инхалирачки гасови.

10. Протетичар

Годишна просечна плата:
$161,020

Раст (од 2014 до 2024): 18%

 

Протетичарите создаваат протези кои ги заменуваат забите кои недостигаат. Тие замени за заби, им помагаат на пациентите на повеќе начини, од подобрување на физички изглед до подобрување на способноста да зборуваат и јадат.

9. Забар

Годишна просечна плата: $172,350

 

Раст (од 2014 до 2024): 18%

Забарите се грижат за оралното здравје на пациентите и дијагноситицраат орални болести.

8. Педијатар

 

4


Годишна просечна плата:
$183,180

Раст (од 2014 до 2024): 10%

Педијатрите се фокусираат на физичкото и ментално здравје на децата, од најмала возраст до адолесценција.

7. Психијатар

Годишна просечна плата:
$193,680

Раст (од 2014 до 2024): 15%

Психијатрите се грижат за менталното здравје за пациенти. Дијагностицираат и третираат комплексни состојби, како биполарни нарушувања, шизофренија, депресија и анксиозност.

6. Лекар

Годишна просечна плата:
$196,520

Раст (од 2014 до 2024): 9%

Лекар се однесува на оние лица од примарно здравство, од гинеколози, до кардиолози и дерматолози и сето она што е помеѓу.

5. Заболекар протетичар

Годишна просечна плата:
$221,390

Раст (од 2014 до 2024): 18%

Овие лица се задолжени за убавите насмевки кај пациентите, односно тие ги поправаат расипаните заби.

4. Акушер и гинеколог

 

5


Годишна просечна плата:
$222,400

Раст  (од 2014 до 2024): 18%

Задолжени се за репродуктивното здравје кај жените.

3. Орална и максилофацијална хирургија

Годишна просечна плата:
$233,900

Раст (од 2014 до 2024):
18%

За разлика од забарите, овие хирурзи имаат дополнителни четири години тренинг и учење за да можат да изведат хируршки процедури на лицето, устата и вилицата.

2. Хирург

Годишна просечна плата:
$247,520

Раст (од 2014 до 2024): 20%

Отворање на телата на луѓето за да корегираат повреди, зарази или деформитети. Навистина тешка работа, а за неа се долго време тренирани и обучувани.

1. Анестезиолог

 

1


Годишна просечна плата:
$258,100

Раст (од 2014 до 2024): 21%

Анестезиолозите се најплатени во САД. Тие се задолжени за одредување на лековите кои им дозволуваат на хирурзите да спроведат одредена хируршка процедура без тоа да го почувствуваат пациентите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот