X
 25.01.2017 Технологија

Најлошите лозинки кои никогаш не треба да ги користите

Ако постојаните вести за хакирање ве загрижуваат, тогаш треба да знаете кои лозинки не треба да ги користите.

 

лозинка


„SplashData“ ја објави својата годишна листа на најлошите лозинки. Од компанијата велат дека повеќе од 5 милиони лозинки биле пробиени минатата година, најмногу во Северна Америка и Западна Европа. Листата на лозинки во продолжение зафати повеќе од 10% од истражувањето, а 4% припаднаа на лозинката „123456“. Со тоа, оваа низа од броеви официјално е најлошата лозинка за 2016 година, што значи дека таа е најлесна за погодување и откривање.

Дури и Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон, станал мета на хакерите со избирање на втората најлоша лозинка, зборот „password“.

„123456“ и „password“ како и варијации од овие лозинки се најголемите виновници за хакирани сметки. „Football“ и „princess“ сега се повеќе популарни од било кога, додека новите лозинки вклучуваат термини како „hottie“, „flower“, „sunshine“ и „loveme“. А доколку се прашувате за најчудната популарна лозинка на оваа листа, тоа е зборот „zaq1zaq1“ - серија на копчиња од левата колона на тастатурата.

„Малите промени во лозинка која лесно се погодува не ја прави безбедна и силна, па така хакерите ги користат предностите“, вели Морган Слаин, извршен директор на „SplashData“. За да се заштитите себеси, направете ја вашата лозинка со повеќе од осум букви и комбинација на букви и броеви, и секако, не ги користете лозинките во продолжение.

 

123456
password
12345
12345678
football
qwerty
1234567890
1234567
princess
1234
login
welcome
solo
abc123
admin
121212
flower
passw0rd
dragon
sunshine
master
hottie
loveme
zaq1zaq1
password1

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија