X
 07.02.2018 Технологија

Како Илон Маск испрати автомобил кон Марс?

Автомобил кој лебди во вселената. Изгледа како лош фотошоп, но не е. Фотографијата е израз на егото и вкусот за апсурд на Илон Маск. Фотографија која ја сумира 2018 година досега. Животот на Земјата изгледа несигурен, па гледаме кон ѕвездите.

фото извор: SpaceX

Маск на својот твитер-профил напишал: „Изгледа дека има автомобил во орбитата околу Земјата“. Неговиот план се однесува на 100.000 долари вредната „тесла роудстер“, со порака „Без паника!“ и звукот на познатата „Спејс Одити“ на Боуви, која се слуша од звучниците, да се движи низ појасите со радијацијата со висока енергија кои ја движат Земјата кон длабоката вселена.

Клик за поголема резолуцаја


Проектираната патека треба да се движи до Марс, а постои и мала шанса автомобилот да се удри во планетата. Ако остане на патеката, ќе лебди во вселената милиони години. „Роудстер“ е испратена во вселената од страна на Маск и најголемиот залог на неговата компанија „Спејс Екс“: „Фалкон Хеви“, сега е најмоќната ракета во операцијата и втора по „Сатурн В“, која носеше луѓе на Месечината за време на ерата на ’Аполо‘“.

Дури и Маск не бил сигурен дали ќе функционира, поставувајќи ги шансите за целосно успешно лансирање на 50%. „Роудстер“, приклучен за горниот дел на ракетата, ќе помине часови во радиоактивни зраци во појасите „Ван Ален“. Потоа, поттикнувачите од горниот дел ќе се запалат за последен пат, оттурнувајќи ја „теслата“ кон елипсовидната орбита околу Марс. Ако работите не одат според планот, можно е да орбитира околу Земјата бесконечно.



Маск е критикуван бидејќи многумина го поставуваат прашањето која е поентата за овој скап потег. Не би требало ли најмоќната ракета на денешницата да носи покорисен товар? Сепак, планот успеал и сега „Спејс Екс“ е на врвот од комерцијалната вселенска трка.

Плановите вклучуваат и градење нова вселенска станица над Месечината, која ќе содржи нови сателити, а и ќе пренесува луѓе на дестинации во длабоката вселена. Минатиот февруари од „Спејс Екс“ најавија дека имаат намера да испратат двајца граѓани на пат околу Месечината, најверојатно оваа година.
Во меѓувреме, „Роудстер“ ќе лебди низ вселената.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија