X
 29.01.2017 Култура

Критичарите предвидуваат кој ќе добие и кој треба да добие Оскар

Со објавата на номинации за Оскар и официјално започна играта на предвидувања кој ќе одржи триминутен говор, ќе им се заблагодари на партнерите, семејството, соработниците и со себе ќе ја понесат златната статуетка.

oskar

Дали „La La Land“ ќе триумфира? Дали Вајола Дејвис после првиот Златен глобус ќе добие и прв златен Оскар? Не` очекува уште еден месец кампања која би можела да донесе некои промени, но првите проценки веќе пристигнуваат. Веб страницата „Rotten Tomatoes“ анкетираше повеќе од 150 критичари да кажат кој ќе освои (и кој заслужува да освои) најмногу признанија од седмата уметност.

Самите критичари од „Rotten Tomatoes“ не беа вклучени во формирањето на номинациите на Оскар, меѓутоа доколку би можеле да гласаат: „Оut of Africa“ (56%), „The Greatest Show on Earth“ (44%), и „Around the World in 80 Days“ (31%) никогаш не би добиле оскар. Меѓутоа, нивните проценки се добри индикации за тоа што можеме да очекуваме на 26 февруари во театарот Долби.

Истражувањето од „Rotten Tomatoes“ покажува дека две третини од нив предвидуваат дека ќе триумфира „La La Land“, иако 20% од нив веруваат дека триумфот е заслужен.

Кој ќе добие Оскар за најдобар филм

„La La Land“ - 67%
„Moonlight“ - 11%
„Manchester by the Sea“ - 9%

Кој заслужува Оскар за најдобар филм

„Moonlight“ – 28%
„La La Land“ – 20%
„Manchester by the Sea“ – 14%

Кој ќе добие Оскар за најдобар режисер

Дејмијан Шазел, „La La Land“ - 52%
Бери Џенкинс, „Moonlight“ - 22%
Кенет Лонерган, „Manchester by the Sea“ - 8%

Кој ќе добие Оскар за најдобар глумец

Кејси Афлек, „Manchester by the Sea“ - 65%
Дензел Вашингтон, „Fences“ - 18%
Рајан Гослинг, „La La Land“ - 5%

Кој ќе добие Оскар за најдобра глумица

Натали Портман, „Jackie“ - 39%
Ема Стоун, „La La Land“ - 29%
Изабел Ипер, „Elle“ - 9%

Кој ќе добие Оскар за најдобра машка споредна улога


Махаршала Али, „Moonlight“ - 55%
Џеф Бриџис, „Hell or High Water“ - 12%
Мајкл Шенон, „Nocturnal Animals“ - 11%

Кој ќе добие Оскар за најдобра женска споредна улога


Вајола Дејвис, „Fences“ - 52%
Мишел Вилијамс, „Manchester by the Sea“ - 23%
Наоми Харис, „Moonlight“ - 7%

Кој ќе добие Оскар за најдобар анимиран филм

„Zootopia“ - 49%
„Moana“ - 19%
„Кubo and the Two Strings“ - 18%

Кој ќе добие Оскар за најдобар документарец

O.J. Made in America – 53%
13th – 17%
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура