Секојдневно слушаме за нови откритија, од кои најголем дел се поврзани за Ковид-19. Пандемијата негативно влијаеше врз многу индустрии, меѓу кои и филмската. Но професионалците наоѓаат начин како да преживеат и за некои решението е еден робот.
Роботот Ерика ќе има главна улога во научнофантастичен филм со буџет од 70 милиони долари зад кој стојат „Бондит капитал медија“ и „Тен тен глобал медија“.
Филмот ќе биде наречен „Б“, а приказната започнува со научник кој открива опасности поврзани со програма што ја создал за да ја усоврши човечката ДНК. Потоа научникот ѝ помага на Ерика да избега.
Во реалноста, јапонските научници Хироши Ишигуро и Кохеи Огава ја создале Ерика и се
одговорни за нејзините актерски способности. Очигледно роботот нема искуство, но бил програмиран специјално за оваа улога.
Сè уште не се ангажирани режисер и актери кои ќе глумат покрај Ерика, но некои сцени веќе биле снимени. Поголемиот дел од снимањето ќе биде завршен во Европа во јуни 2021.
Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор:
luxurylaunches.com
Насловна фотографија:
Pixabay