Старт-ап компанијата „Lofree“ лансира пренослива тастатура чиј дизајн потсетува на некогашните машини за пишување.
Во понуда се тастатури со светли пастелни бои. Благодарение на кружните копчиња, овие тастатруи изгледаат, но и звучат како старите машини за
пишување.
Иако делуваат како да припаѓаат од доба кога телевизијата беше црно-бела, а телефоните имаа жици, тие несомнено се напредок во 2017 година. Имаат вградено светло кое е спас во мрачни простории, а можат да се користат на „PC“ и „Mackintosh“ компјутери, како и на уреди кои користат оперативни системи „Android“ и „iOS“.
Во продажба ќе бидат пуштени на 7 март, а првите купувачи ќе мораат да издвојат 59 долари, додека цената подоцна ќе изнесува 100 долари.