Британската организација „Hubbub“ планира да ги исчисти улиците на Лондон преку својата иновативна кампања наречена #neatstreets.
Еден паметен проект ги тера пушачите да гласаат на неколку теми поставувајќи ги нивните отпушоци од цигари во поделени кутии на јавни места; друг користи уреди кои свират музика кога се става отпушок од цигара; а што се однесува до гумите за џвакање, ги тера луѓето да поврзуваат точки на специјално дизајнирани табли.
„Нашата јавна анкета откри дека неверојатни 86% од луѓето мислат дека фрлањето ѓубре е гнасна навика, а сепак само 15% од нас би се соочиле со некој и би им го кажале тоа“, пишува организацијата.
„Токму затоа, од мај до октомври воведивме нов пристап за справување со овој проблем; користејќи иновативен начин за подигнување на свеста на луѓето од целиот свет“, додаваат тие.