Започнување на бизнис не е лесен подвиг, а позади секој успешен бизнис стои солиден бизнис план. За сите оние кои сакаат да започнат бизнис, добрата вест е тоа што постои едноставен начин како да го направите тоа.
Во видеото подолу, Патрик Дет-Дејвид партнер во „Entrepreneur Network“ објаснува како да напишете краток бизнис план.
Постојат два начини на кои можете да го напишете
бизнис планот: да помините шест или повеќе часа на ден пишувајќи ги деталите за планот, а потоа секој месец да го читате, или да ги соберете сите информации и да ги напишете во една страна.
Ако го изберете ова второто, постојат неколку совети кои дефинитивно ќе ви помогнат. Претставете си го вашиот бизнис план како една врска, и направете брејнсторм на се` што е поврзано со него (целите, финансиското здравје, интересите итн.) Запишете неколку категории кои сте ги пребарале и започнете да ја истражувате секоја - што можете да промените? Што можете да додадете? Овие работи се јадрото на вашиот план.
Откако ќе ги запишете овие работи, скоро сте готови. Додадете уште нешто и ревидирајте го планот. За да дознаете повеќе, погледнете го видеото.