X
 29.04.2021 Живот

Краток емотивен анимиран филм за тестирањето врз животните

Во случај сѐ уште да се сомневате околу тоа колкаво значење има тестирањето на козметиката врз животните во 21 век, ве советуваме да одвоите малку повеќе од три минути од вашето време и да го погледнете „Спаси го Ралф“.

Станува збор за краток анимиран филм во режија на оскаровецот Таикa Ваитити, а гласовите ги позајмуваат актерите Рики Гервејс, Оливија Мун и Зак Ефрон.

Дејството го следи Ралф, млад симпатичен зајак кој работи на тестирање на производи и кој вели дека целото негово семејство било вклучено во овој бизнис. На крајот, семејството му починало работејќи го тоа, а тој е свесен дека истата судбина го чека и него.

Филмот е направен во соработка со „Хумејн сосајети интернешнл“, од каде што повикуваат на поддршка на петицијата за забрана за тестирање на животни, со загрижувачки податок дека тестирањето врз животните и понатаму е дозволено во 80 отсто од земјите во светот.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот