X
 02.02.2017 Образование

Седум начини на кои образованието треба да се промени

Експертите сметаат дека денешното образование повеќе е концентрирано на социјален инженеринг отколку на самото образование. Ова се неколку промени кои позитивно би влијаеле на образовниот процес воопшто.


1.    Поставување на предметите во срцето на наставната програма

Во својата наједноставна форма, образованието претставува пренесување на знаењето на следните генерации. Но, сега веќе се поставува прашањето за што всушност служи образованието како такво.

Училишните предмети се оние кои обезбедуваат најдобар пристап до знаењето основано на консензус на академски дисциплини, отколку на произволните каприци на наставниците. Советот на експертите е да се инсистира учениците да се запознаат со основата на наставната програма.

2.    Образованието да не се сведува на „учење вештини“ и „цели на учење“

Образованието е различно од тренинзи и обуки и ако се воведуваат цели на учење, тогаш тоа значи дека едукацијата има и крај, што не треба да биде случај со образованието, бидејќи знаењата секогаш треба да се надополнуваат.

3.    Секогаш повторувајте ја основата

Образованието е нешто што треба да го вреднуваме за самите себеси, а не за други цели. Речиси секој наставник и тренер верува дека целта на образованието е да се промовира социјална правда, која го отелотворува и изразува погледот кон обичните луѓе како кон „ранливи жртви“ или „сиромашни“. Но, ако децата и младите се едуцираат соодветно, тие ќе научат да мислат за себеси, отколку да бидат поучувани – што и е всушност значењето на „едукација за социјална правда“.

4.    Образованието е за сите

Сите деца треба да бидат едуцирани и имаат право на тоа. Денес, се верува дека некои деца не се доволно подготвени за да следат одредени предмети како математика, физика или јазици. Или дека некои не можат да постигнат високо ниво на образование. Експертите сметаат дека доколку имате вакво мислење, тогаш местото не ви е во училницата каде што ќе подучувате ученици.

5.    Ослободете се од опсесијата со педагогија

Педагогијата не е само претенциозен термин за „предавање/учење“, туку напад на едукацијата базирана на предмети, бидејќи се обидува да се замени со активност која охрабрува критичко рефлектирање на верувањата на учениците и нивното знаење, кое малку го имаат.

6.    Доверба во предавањата на наставниците


Неопходна е потребата самите наставници да бидат самоуверени во своите способности додека предаваат одреден предмет.

7.    Вистински наставници

Потребни се наставници кои ќе бидат посветени на креирање визија кај учениците за стекнување со знаење. Нивната одговорност е голема и благородна и тие вредности доколку се срушени, треба одново да се изградат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование