X
 03.02.2017 Образование

По Брегзит намален бројот на студенти од ЕУ во Британија

Бројот на студентите од земјите од Европска унија кои студираат во Велика Британија се намалил по Брегзит.


Бројот на апликации до британските универзитети се намалил за 7 проценти, односно од 45.220 апликации сега има 42.070. Борјот на студенти од другите земји си останува приближно ист.

Лицата од ЕУ помалку аплицираат низ цела Британија. На пример, апликациите се намалени за 5 проценти во Северна Ирска, 2 проценти во Шкотска и 7 проценти во Велс. Забележано е намалување на апликации и на студентите кои учат за медицински сестри и тоа за 23 проценти.

Во декември, „Guardian“ објави дека владата размислува за намалување на годишните студентски визи од 300.000 на 170.000, по Брегзит.

Намалувањето на бројот на студенти од ЕУ може да ја чини економијата 2 билиони фунти годишно.
 
Ова се податоците :

1
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование