Европскиот парламент со големо мнозинство гласаше да ги принуди телефоните да го користат истиот полнач. Предлогот речиси сигурно ќе ги присили ајфоните да создадат нов приклучок за полнење, иако се спротивставија повеќето технолошки компании, вклучувајќи ја и „Епл“.
Но, европските политичари тврдат дека одлуката ќе им го олесни животот на потрошувачите, дозволувајќи им да избегнат купување нови кабли и да ги наполнат своите уреди преку каков било приклучок.
Моменталната состојба со полначите резултира во е-отпад и фрустрации кај потрошувачите.
Новите правила ќе ги принудат компаниите што создаваат мали или средни електронски уреди, а не само телефони, туку и таблети, е-читач, камери и уреди слични на „епл-часовникот“, да воведат ист полнач што ќе може да го користат сите уреди.
Но, не е кажано каков ќе биде полначот. Веројатно ќе биде нов USB-C стандард или нешто слично, што значи дека „Епл“ ќе мора да го промени влезот што го користат ајфоните.
Европските политичари го усвоија предлогот со 582 гласа „за“ и 10 „против“. Иако не воведува нови правила, ја повикува Европската комисија да го испита новото законодавство, а комисијата веќе предложи дека може да се воведат нови правила принудувајќи ги компаниите да усвојат единствен полнач.
Исто така, сугерира дека компаниите треба да обезбедат дека го користат истиот стандард за безжично полнење. Тоа во голема мера веќе се случува - повеќето телефонски компании користат Qi стандард.
Ако се случи таква промена, луѓето повеќе нема да треба да купуваат нов полнач секојпат кога ќе купат нов уред.
Пред десет години Европскиот парламент потпиша договор со технолошките компании во кој тие доброволно ќе работат на намалување на бројот на
полначи за различни уреди. Политичарите велат дека договорот не беше успешен, иако некои тврдат дека „Епл“ во текот на тие десет години забележа намалување на бројот на портови.