X
 08.03.2019 Технологија

Планот на Финска: Сакаме да го изградиме најпаметниот пат во светот

Финските бизниси и локалната власт имаат храбар план. Тие сакаат да го изградат најпаметниот пат во светот.

Патот ќе користи 5Г-технологија и ќе покрива 31 километар, меѓу градовите Сиунтио и Карја во општината Инкоо, 54 километри западно од Хелсинки, на јужниот брег на Финска.

Општината ќе работи во партнерство со „Карис телефон“ и „Тамисарененергија“, а „Нокиа“ ќе обезбеди 5Г-технологија во форма на паметни улични светилки.

Развиени како дел од проектот „Лукс Тирум 5G“, секоја светилка може да биде опремена со базни станици и антени што функционираат заедно за да создадат 5Г-мрежа. Предложениот паметен пат ќе има вкупно 620 улични светилки, иако тие ќе бидат поврзани со мрежи во фази.

finska
Фото: iStock


Роберт Нјман, градоначалник на Инкоо, истакнува дека проектот сè уште е во почетна фаза и сè уште немаат конкретен план за негово спроведување. Оваа нејасност е делумно поради тоа што државата е таа што ќе ја донесе конечната одлука за идниот развој на патот.

Освен тоа, сè уште нема финансии за проектот, иако Нјман проценува дека основната структура ќе чини само 2 милиона евра. Еден ветувачки извор на финансиска поддршка е „Бизнис Финска“, чиј фонд за трансформирање на транспортниот сектор изнесува 50 милиони евра.

Ако проектот добие зелено светло, дигитализираниот главен пат ќе овозможи тестирање на автоматизирани возила преку платформата „C-V2X“ инсталирана во уличните светилки.

Оваа технологија ги одржува автоматизираните возила ажурирани на сообраќајните движења на патот и условите за возење, додека нивниот комуникациски систем и сензори ќе можат да се поврзат со оние на другите возила и инфраструктура за да обезбедат безбедно поминување по паметниот пат.

Голем дел од информациите и функционалноста на „С-V2X“ ќе им помогнат на возачите побезбедно да патуваат.

Подобрувањето на безбедноста е особено важно за Рута 41. Како една од главните артерии од Хелсинки до западот, спаѓа во највисоката категорија на финската агенција за транспортна инфраструктура за густина на сообраќајни несреќи.

Овој пат исто така е жариште за судири со лосови. Помеѓу 2012 и 2015 година, во просек имало 17 судири и еден смртен случај на годишно ниво. Со воведувањето на 5Г-технологијата предупредувањата за големи животни би ги предупредиле возачите за присуство на животни, со што ќе се намалат инцидентите поврзани со лосовите.

Додека Рута 51 останува проект за иднината, други тестови за паметни патишта во Финска се во тек.

За проектот „LuxTurrim5G“ е планирано тримесечно испитување. Во овој проект уличните светилки ќе бидат искористени за автономни автобуси на рута долга 1 километар помеѓу железничката станица Кера и седиштето на „Нокиа“. Ова ќе биде првиот паметен 5Г-пат во Финска.

Уличните светилки ќе мора да бидат 50 метри  високи? поради високата фреквенција и ограничената јачина на сигналот на 5Г малите ќелии што ќе ги содржат. „Нокиа“ смета дека овој метод за мрежно обезбедување е најефикасно решение за дигиталните градови бидејќи брзорастечкиот број на дигитални услуги наскоро ќе ги преоптовари 5Г-мобилните мрежи што работат на фреквенции пониски од 6 гигахерци.

Првиот паметен пат во Финска бил направен во ноември 2017 година, кога 10 километри од Рутата 21 биле опремени со сензори. Овој пат се наоѓа на север, во Муонио, близу границата со Норвешка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија