X
 06.02.2017 Технологија

Како „Facebook“ профитира од вас?

Ако се чувствувате осамено по раскинување, не грижете се, „Facebook“ знае точно низ што поминувате. И тоа многу прецизно: кога се случило, со кого и што се правите за да го избегнете стравот дека ќе останете сами.


Но, треба да се грижите. Социјалната мрежа ги користи тие инсајдерски информации за да насочи компании да ја искористат вашата состојба и да ви вметнат маркетиншки кампањи. „Facebook IQ page“ доделува маркетиншки совети на компаниите за начинот на „ловење“ на корисниците, особено на оние кои во моментот се ранливи и лесно можат да се придобијат.

Истражувачите во „Facebook“ забележале дека постои зголемен број на посети на социјалната мрежа веднаш по променетиот статус во „Single“, што може да се претпостави дека е резултат на последователното интензивно демнење на профилот на поранешниот партнер. Платформата за истражување на социјалната мрежа открила и дека заздравувањето на ваквите корисници зависи од социјалните интеракции. Повеќе од три четвртини корисници одговориле дека поврзувањето со пријателите и семејството за време на периодот на заздравување е многу важно отколку другите потреби во животот.

Погодно за луѓето од маркетинг компаниите е тоа што луѓето во таков период сакаат да купуваат нови работи, за некако да ја заборават емоционалната траума. Конзумеризмот како начин за преболување, а социјалната мрежа го искористува тоа, заедно со маркетиншките компании.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија