X
 26.01.2017 Наука

Од каде произлегува свеста?

Што е човековата свест и од каде доаѓа? Низ вековите, некои од најголемите умови во историјата на човештвото се обидувале да одговорат на ова прашање. Денес, различни дисциплини често нудат различни дефиниции.

Една теорија тврди дека се работи за мета-спознание на нашата способност за размислување на нашиот сопствен процес на мислење. Друга тврди дека е нашата способност за препознавање на сопствената смртност, како и способноста да замислуваме идни сценарија и да правиме планови за нив. 

Научниците имале потешкотии, особено во пронаоѓањето на изворот на она што постојано го искусуваме, од еден до друг момент, што не прави луѓе и не тера да жалиме кога други лица се во состојба на кома. Тие лица се отсечени од она елементарното што не прави луѓе, па не потсетуваат колку е всушност кршлива нашата свесност.

Класичната неврологија ја дефинира свеста како постојан процес на возбуда и свесност. Сега, истражувачи од медицинското училиште на Харвард, заедно со колеги од „Beth Israel Deaconess“ медицински центар, откриле невронска мрежа од која свеста произлегува.

Познато е дека мозочното стебло ја регулира возбудата, а тоа е најдлабокиот дел од мозокот. Преку него се контролира дишењето, функцијата на срцето и циклусот на спиење и будење. Но, од каде свеста произлегува е голема мистерија. Претходни шпекулации наведуваат дека се наоѓа до кортексот. За прв пат, невролозите понашле конекција помеѓу овие два региони. За да се потврди теоријата, биле опфатени 36 пациенти со лезии на мозочното стебло. 12 од нив биле во кома, а останатите 24 свесни.

Кај оние кои биле во кома, се покажало оштетување во мал предел на мозочното стебло, кој кога е оштетен пациентот се наоѓа во кома. Само кај 24 свесни пациенти не било забележано оштетување во таа област на мозочното стебло. Истражувачите утврдиле дека таа област игра витална улога во свеста. Потоа, пронашле две области во кортексот кои се поврзани со овој дел, па тоа ги навело да веруваат дека овие три региони создаваат невронска мрежа, од која произлегува свеста. Каде завршуваат овие конекции во кортексот не е познато.

Иако има уште многу непознати факти околу тематиката, сепак и ова најново сознание е некаков напредок. Многумина веруваат дека некој ден подобро ќе ги разбираме состојбите како што е комата, а можеби и ќе се најде соодветен третман за будење на пациентите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука