X
 01.05.2023 Образование

Ново истражување открива што стои зад академскиот успех

Ново научно истражување покажало дека и покрај прифатената идеја дека некои луѓе учат побрзо од другите, сите учиме на сличен начин кога ги имаме истите услови. Група американски научници набљудувале 1,3 милион ученички интеракции преку софтверски алатки за учење кои ги користеле 6.946 ученици и студенти.

Собраните податоци покривале разни предмети и повеќе формати, меѓу кои и онлајн натпревари и образовни игри. Било откриено дека појдовната точка и можноста да се примени знаењето имаат најголемо влијание врз академскиот успех.

Според Кен Кедингер, когнитивен психолог од американскиот универзитет „Карнеги Мелон“, разликите во академскиот успех произлегуваат од разликите во можностите за учење.

- Тоа е дополнителна потврда дека образовните технологии може да обезбедат поволни услови за учење кои го олеснуваат учењето на нешто ново, како друг јазик или научен или математички концепт - вели Кедингер.

Во истражувањето, научниците сакале да дознаат колку пракса е потребна за да се научи нешто, дали почетната точка на учење се разликува кај учениците и колку учениците се разликуваат во брзината на учењето.

Авторите заклучиле дека разликите во учењето се сведуваат на појдовната точка на учење, а не на способноста за брзо учење, како што се претпоставувало. Освен тоа, можноста за активно вклучување во учењето исто така била важна. Било забележано дека брзината на учење не се разликува премногу од ученик до ученик бидејќи сите може да стигнат до иста точка на начин кој најмногу им одговара.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование