Достигнувањето на здрава рамнотежа помеѓу работата и животот е врвен приоритет за повеќето луѓе, а во светот постојат некои земји кои промовираат подобра култура во врска со ова.
Истражување од „InterNations“, најголемата мрежа за луѓе кои живеат и работат во странство, оценија 43 различни аспекти на животот во странство, на скала од 1 до 7.
Еден од под-индексите беше и рамнотежата помеѓу работата и животот.
Истражувањето вели дека не постои директна корелација помеѓу долгите работни часови и незадоволството со рамнотежата помеѓу работата и животот. Така на пример, Франција има втора најкратка работна недела во светот со 41 час во просек, меѓутоа не се појави на врвот. Интересно е да се види како некои луѓе кои работеле подолги часови се всушност најзадоволни поради добрата безбедност што ја нуди работното место како и дополнителните активности.
Ова се најдобрите земји кои овозможуваат одлична рамнотежа меѓу работата и
животот.
13. Костарика
12. Германија
11. Чешка
10. Оман
9. Австралија
8. Австрија
7. Унгарија
6. Шведска
5. Тајван
4. Луксембург
3. Нов Зеланд
2. Данска
1. Норвешка